Ако низ двор ви минуваат кабли од телефон или струја – побарајте надомест
На геопорталот може да се видат досега евидентираните оптички и бакарни кабли, кабли за пренос на електрична енергија, гасоводи, водоводи, канализации, трафостаници, базни станици, антени и други инфраструктурни објекти.
Во случај низ земјиште на граѓанин со решена сопственост да поминува каква било инфраструктура и за тоа има имотен лист може да побара надомест од операторот на таа инфраструктура.
– Граѓаните имаат право да си ги решат имотноправните работи со имателите на овие инфраструктури по пат на службеност. Ќе треба да се договорат околу службеноста како имателот на таа инфраструктура ќе влегува во дворот на граѓанинот за да пристапи до инфраструктурата. Договарањето секогаш е доброволно, а во спротивно по судски пат.
Досега технички се евидентирани над 23 илјади километри водови од телекомуникации, електроенергетика и водовод и канализација и над 142 илјади точкасти објекти од типот на базни станици, трафостаници, антени. Тоа е направено врз основа на податоците за нивната геопросторна локација со која располагаат имателите.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море