Бизнис
25. November 2020 - 23:08

Ако не се реши проблемот со хидроцентралите, прекините во снабдувањето со струја ќе бидат се почести

Ако не се реши проблемот со хидроцентралите, прекините во снабдувањето со струја ќе бидат се почести, предупредуваат енергетичарите. Вчерашниот дефект поради кој неколку скопски населби остана без електрична енергија велат дека треба да биде причина да се забрзаат инвестициите во обновливи извори. Не очекуваат да има рестрикции, но поради неработењето на хидроцентралите, во периодите кога ќе има голема потрошувачка, велат дека е можно да се јават проблеми во снабдувањето на домаќинствата со електрична енергија.

За вчерашниот проблем со снабдувањето, од Мепсо соопштија дека настанал поради неможноста да се ангажираат системските резерви кои не биле ставени на располагање од АД ЕСМ.

АД МЕПСО немаше можност да изврши благовремено растоварување на електропреносната мрежа и напонска поддршка со ангажирање на хидроелектраните со кои нормално секоја година се обезбедуваат системските резерви неопходни за обезбедување на сигурна и стабилна работа на електроенергетскиот системот. Поради пад на напонот испаѓаат трансформаторите кои се во сопственост на ЕВН дистрибуција во ТС Запад и ТС Козле, при што потрошувачите кои се приклучени на овие трафостаници остануваат без напојување, велат до компанијата.

Од ЕВН пак посочија дека проблеми во нивните системи немало. Дефектот настанал меѓу мрежите на ЕВН и Мепсо, но двете компании успеле проблемот брзо да го надминат.

Во петок РКЕ ќе одржи состанок со енерегтските компании на кој ќе ја образложат состојбата во енергетскито сектор.

Пред извесно време Владата донесе одлука хидроцентралите да не произведуваат струја, затоа што акумулациите се празни. Недостатокот ќе се обезбедува од увоз. И минатата зима поради дефект во трафостаница половина наслебни во Скопје некоку дена во попладневните часови остануваа без електрична енергија.

Инаку во август годинава струјата поскапе за 7,4 проценти, со образложение дека поради корона кризата државните енергетски компании се со намалени приходи, а потребни се инвестиции кои треба да обезбедат непречно снабдување на домаќинствата со електрична енергија.