Ако не дојде Лавров во Скопје, ќе се прекрши Виенската конвенција, сметаат аналитичарите
Дали шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, ќе дојде во Скопје на министерскиот совет на ОБСЕ или не, МНР се уште одлучува, поради санкциите кои ги имаме кон Русија.
Но според Виенската конвенција, советот на ОБСЕ не е предмет на санкции. Така што ако Лавров дојде во Скопје тоа не значи дека нешто ќе се промени во нашите односи со Русија или пак ќе се промени геостратешката положба на Македонија, сметаат дел од аналитичарите. На Македонија и одговара да дојдат што повеќе политичари од висок профил.
За тоа како Лавров би дошол до Скопје, со оглед на тоа што е затворен воздушниот простор за високи руски претставници, аналитичарите сметаат дека и за тоа има решение. Македонија може да донесе специјална одлука само за летот на Лавров, но и тоа може да се овозмож според дипломатски протоколи.
И дел од правниците се на ставот дека шефот на руската дипломатија мора да присуствува на советот на министри на ОБСЕ. Доколку не го примиме тогаш ќе ја прекршиме Виенската Конвенција, но ќе испратиме и порака дека имаме непријателска реторика кон одредени држави, смета адвокатот Тони Менкиновски.
Според информациите на Менкиновски, и министерот за надворешни работи на Израел ќе присуствува на министерскиот совет на ОБСЕ. Поради тоа, МНР треба да обезбеди посебни безбедносни протоколи за министрите и од Русија и од Израел.
Од МНР се уште нема потврда ниту за доаѓањето на Лавров ниту за израелскиот минитер Ели Коен.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар