Фудбал
15. February 2019 - 14:34

Ако и се верува на традицијата, Арсенал е пред елиминација во Лига Европа !?

Во фудбалската Лига на Европа беа одиграни првите средби од шеснаесетина финалето
 
Најголемото изненадување го приреди белорускиот тим Бате Борисов кој минимално со 1:0 го победи Арсенал. Традицијата вели дека англискиот тим никогаш досега во европските купови не успеал да ја мине рундата кога го загубил првиот меч со 1:0. Ќе биде ли така и овојпат останува да се види по реванш дуелот во Лондон. 
 
Од фаворитите. Победи остварија Челзи на гости кај Малме со 2:1, како и Наполи кој беше подобар од Цирих со 3:1, а Интер со 1:0 го победи Рапид во Виена. 
 
Одличен настап имаа четирите шпански екипи кои првите средби ги играа на гостински терен и забележаа дури три победи. 
 
Единствено Бетис на гостувањето кај францускиот рен одигра без победник 3:3 во најефикасниот меч од оваа рунда. 
 
Валенсија во Глазгов го совлада Селтик со 2:0, а минимални победи од 1:0 забележаа Виљареал кај Спортинг во Лисабон и Севиља која во Рим го победи Лацио. 
 
Реванш дуелите на програмата се следната среда и четврток  (20 и 21 февруари).