Македонија
23. January 2021 - 9:00

Акциска контрола на полицијата во Кавадарци и Неготино, изречени 93 мерки

Сообраќајната полиција изрекла 93 мерки за време на вчерашната акциска контрола во Кавадарци и Неготино. Затекнати се 11 нерегистрирани возила, десет возачи без довола, а 52 од контролираните возеле над дозволената брзина.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски информира дека акциската контрола се спровела вчера, во времето од 10 до 15 часот, од страна на мобилната единица за БПС.