Македонија
14. October 2020 - 12:47

Акциска контрола на охридски инспектори за продолжениот викенд

Инспекторите ги чешлаат угостителските објекти долж охридско струшката ривиера. Само за продолжениот викенд 12 пазарни инспектори од Охрид и Гостивар извршиле преку 200 контроли по што поднесена е една кривична пријава за свадба и 5 прекршочни пријави за непочитување на здравствените протоколи. Раководителот на охридскиот пазарен инспекторат Ристески вели дека и покрај забраната за организирање во време на пандемија има хотели и ресторани кои дозволуваат во нивните објекти да се прават свадби. Истите најчесто се во дискреција каков што бил случајот и со последната свадбена церемонија.

Дел од младите не ги променија своите планови и покрај коронавирусот одлучија својата љубов да ја овековечат и со свадба. Во летниот период поднесени биле 7 кривични пријави додека од почетокот на пандемијата 15 пријави за свадби.

Од инспекциските контроли како што вели Ристески некаде се почитуваат протоколите некаде има мали отстапувања и тие случаи поминуваат и со опомени, а оние кои не ги почитуваат мерките заработуваат кривични и прекршочни пријави.