Loading Video...
Фудбал
27. March 2019 - 17:44

Акционерите ја отстапија Победа на градот за само 5 евра

За сума од само 5 евра, 5-те акционери на ФК Победа одлучија акциите да му ги отстапат на градот и тие ќе бидат понудени на јавна продажба. Ова се правело за да се спаси клубот и тој да опстане во прва лига, но и да им се врател на оние на кои припаѓал, граѓаните од Прилеп.

 

„Ги даваме на јавна објава истите акции, на продажба на останати компании, потенцијални поединци, за спас на Победа и да се врати Победа таму каде што припаѓа“, рече Ирена Јакимоска, претседател на ФК Победа.

 

Поради раскопаниот стадион Победа веќе 3 години не игра на домашен терен што е една од причините за лошите резултати. Деновиве започна препокривање на северната трибина, а до почетокот на идната сезона треба да се уреди и северната трибина за што Општина Прилеп издвои 40 милиони денари.

 

„Градскиот стадион, т.е. трибините на градскиот стадион до почетокот на наредната сезона ќе бидат направени. Тоа е еден потстрек за сите наши нови идни акционери што би се јавиле“, кажа Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Со пари од ФФМ до почеток на идната сезона треба да се уредо теренот, а да се пуштат во употреба и рефлекторите.