Македонија
19. July 2016 - 16:19

Акцијата на Спасовски во Липковско во која никој не беше приведен чинела 175.000 евра

175.000 евра ги чинеше граѓаните излетот на Оливер Спасовски во кумановско Липково на крајот од март, минатата година. Како што дознава Сител од свои извори, Спасовски ангажирал вкупно 1495 полициски службеници, кои реализирале над 32.000 работни часа за што МВР морало да има плати 130,000 евра само за дневници и уште дополнителни над 20.000 евра за храна.

Ангажирани биле и 176 полициски возила кои потрошиле над 1500 литри гориво а летале и полициските хеликоптери кои само за транспорт потрошиле над 22.000 евра.
На крајот, ниту едно лице не беше приведено, а акцијата на Спасовски предизвика само страв кај населението.

Соочен со срамот дека напразно потроши 175.000 евра и ја крена целата полиција на нозе, Спасовски ги лажеше новинарите убедувајќи ги дека во Липковскиот регион не се спроведува никаква акција

Сите денеска побара став од Спасовски, но тој не одговори на нашите прашања.

Неговиот мандат го одбележаа серија промашени полициски акции кои предизвикаа потсмев во јавноста но и голем срам за Македонија во меѓународни рамки.

Покрај акцијата во Липково, сличен беше случајот и кога Спасовски иако знаеше дека станува збор за техничка грешка за што бил навремено информиран, излезе на прес конференција во обид да отвори „афера“ за наводи фалсификувани лични карти што предизвика жестоки реакции кај угледната германска компанија Гисаке.