Македонија
3. August 2015 - 18:02

Акцијата „Гора“ ги намали случаите на нелегална сеча на шумите

Драстично е намалена нелегалната сеча на дрва во велешко. Акцијата „Гора“ го спречи дрвокрадството, велат од шумското стопанство „Бабуна“. Со засилените контроли на мвр и шумската полиција, незаконсото сечење на шумите е помало за дури 70 проценти..

- Од акцијата „Гора“ во Велес има поголем упех со тоа што можам да кажам 60 до 70 проценти е намален криминалот, вели горан наунчев, дир на шс „Бабуна“.

Од шумското „Бабуна“ велат дека тешко се открива нелегалната сеча. Се користат различни методи да се стигне до дрвната маса. Сепак заедничката акција на институциите го намали дрвокрадството. Поради ова се зголеми и побарувачката на дрва од македонски шуми.

- Побарувачка за дрва се јави оваа година поголема затоа што до лани сите нелегално посечени дрва доаѓаа во градот,  граѓаните на некој начин се снабдуваа. Годинава е запрено тоа и затоа побарувачката кај нас е драстично поголема за разлика од лани, вели Наунчев.

Акцијата „Гора“ се реализира од минатата година. Откри повеќе групи кои исекле илјадници метри кубни огревно дрво.