Македонија
4. October 2020 - 16:50

Акцијата „Бегалец“ стави зад решетки 59 осуденици

59-мина осуденици кои ја избегнувале казната влегуваат во затвор. Сите биле осудени на казни до 10 години. Од Министерството за внатрешни работи велат дека пронаоѓањето на лицата е резултат на акцијата „Бегалец“ која почнала во средината на минатиот месец. Интензивни потраги се спроведувале во државата, а осуденици се барале и во странство. Дел треба да отслужат и 30 годишни затворски казни. 

Од МВР велат дека акцијата за апсење на лица кои треба да одат во затвор ќе продолжи и во следниот период. Се трага по уште 100-тина осудени кои заработиле казни за насилство, кражби, обид за убиство. Последните апсења се случувале вчера во Кондово и Слатино – пронајдени биле две лица кои бегале од издржување на петгодишните затворски казни. 

Од МВР велат дека со акцијата „Бегалец“ бил екстрадиран и обвинетиот за убиството на Никола Саздовски. Двете момчиња кои биле со него беа осудени на по 19 години затвор. 

Во меѓувреме, се уште недостапни да им се суди се двајцата обвинети за петкратното убиство кај Смилково езеро. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се лоцирани на Косово но тамошните власти не дозволуваат нивна екстрадиција. Од Министерството за правда тврдат дека континуирнао се бара нивна обезбедување, но Косово одбива да ги предаде на македонските власти.