Македонија
25. February 2016 - 10:47

Акција за собирање кабаст отпад во општина Аеродром

Жителите од Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“, населбата Лисиче и Горно Лисиче, кои имаат кабаст отпад утре, од 7 до 11 часот, ќе можат да го одложат пред своите куќи или згради.

Акцијата за собирање кабаст отпад ја организираат општина Аеродром во соработка со Град Скопје и јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

Граѓаните, како што информира општина Аеродром, потребно е да внимаваат отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата, но и местото да биде пристапно за да можат вработените на ЈП „Комунална хигиена“ да го соберат отпадот.

Акцијата в сабота ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово и Јане Сандански. 

Под кабаст отпад се подразбира делови од мебел, бела техника, електронски апарати, но не и градежен шут.