Македонија
23. јуни 2021 - 16:37

Акција за подигнување на свесноста за корупцијата

Европската унија и антикорупциска, апелираат до граѓаните да не нудат или даваат поткуп. Со таквото однесување, се уништувале јавните пари. Делегацијата на ЕУ во земјава, клучна улога во спречување на корупцијата, гледа во заштита на укажувачите.

„Укажувачите честопати се соочуваат со индиферентност, непријателство, па дури и одмазда. Наместо да се гледаат укажувачите како одговорни граѓани, тие се обележуваат како предавници на своите колеги, на организациите па дури и на владите и земјите“, изјави Џулијан Васало, Заменик шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава.

Од антикорупциска уверуваат дека државата се грижи за укажувачите. Со закон биле заштитени од одмазда или лична штета.

„Укажувачите да станат синоним за едно општество, дека тие ќе го направат чекорот, ќе ги отворат вратите и ќе ги охрабрат сите граѓани да не молчат“, изјави Софка Пејовска Дојчиновска, член на ДКСК.

„Ги поддржуваме укажувачите, лицата кои со пријавувањето на корупција донесуваат храбра  и несебична одлука ставајќи се себе во служба на јавниот интерес“, вели Анита Арнаудовска, Регионална антикорупциска иницијатива.

Штетата од корупција, денеска сликовито беше покажана со дробење на банкноти. Притискање на копчето, „Свири крај“, го запираше процесот на уништување на јавните пари.