Македонија
9. March 2017 - 11:40

Акција за миење и дезинфекција подземни контејнери во Скопје

ЈП „Комунална хигиена“ Скопје почна акција за миење и дезинфекција на подземните контејнери поставени на територијата на град Скопје. 

Во тек на акцијата ќе се изврши миење и дезинфекција на сите 113 подземни контејнери, поставени на 40 локации во општините Кисела Вода, Центар, Аеродром, Гази Баба и Чаир, соопшти „Комунална хигиена“.

Миењето се изведува со помош на цистерна, преку подигнување на платформата, додека дезинфекцијата на платформата и подземните садови се извршува рачно.

Од ЈП „Комунална хигиена“-Скопје апелираат граѓаните да не ги паркираат своите автомобили пред платформите на подземните садови за исфрлање на отпадот, затоа што на тој начин го оневозможуваат пристапот на специјалните возила за празнење и миење на овие контејнери.