Македонија
7. јуни 2018 - 17:05

Акција за искористување на вишокот храна за социјално загрозени лица

Вишокот на храна не смее да се фрла. Тоа го знаат и идните угостителски работници. Тие денеска подготвуваа ручек за околу 100 загрозени лица во народната кујна во Горче Петров. За нив тоа беше големо искуство.

Проектот на невладината органзаиција Ајде македонијо е насочен кон  едукација на  идните кадри во угостителството  за важноста на паметното искористување на хрната како ресурс , како и за тоа се налами рафрлањето храна , но да им се помогне на оние кои ја немаат.

Македонија е седма во светот по фрлање храна. Најмногу намирници  фрлаат домаќинствата,  а по нив следуваат рестораните, производителите и добавувачите. Бројката е сериозна и изнесува и  до 10 илјади тони фрлена храна  годишно. За надминување на ваквата состојба се изготвуваат законски измени.  Невладиниот сектор бара бизнисите да бидат ослободени од данокот на додадена вредност за храната што ќе ја донираат.