Македонија
25. September 2016 - 9:57

Акција за донирање апарати за домаќинство и облека за поплавените

Градската организација на СДСМ Скопје организира хуманитарна акција за помош на граѓаните од местата кои беа поплавени по невремето на 6 август. 

Под мотото „Хумано Скопје подава рака“, акцијата ќе се спроведува на три пункта во општина Аеродром и во општина Кисела Вода, од 10 до 12 часот.

Ќе се собираат исправни електрични апарати за домаќинство и облека за граѓаните од погодените подрачја во Скопско, а донациите ќе ги  преземаат младите членови на партијата (СДММ).

Пунктови во Аеродром се: Паркинг на Неоком - Железничка станица; Паркинг на ОУ „Љубен Лапе“ и Последна автобуска станица на бр. 5 во населба Ново Лисиче. 

Пунктови во Кисела Вода се: Парк спроти Општина Кисела Вода; Парк спроти Расадник - кино Кисела Вода и Паркинг пред поштата во населба Драчево.