Акција за дезинфекција и миење на сообраќајници и јавни простори во сите скопски општини
Град Скопје, јавните градски претпријатија и екипите на Противпожарната бригада на Скопје, денескa и утре на терен спроведуваат акција за дезинфекција и миење на сообраќајниците и јавните простори во сите скопски општини.
Во оваа акција се вклучени сите јавни градски претпријатија со специјална механизација за ваков вид на работи.
– Со цистерни со специјално средство за дезинфекција се врши миење на градските сообраќајници во сите општини, а се врши и чистење и миење на пешачките и велосипедските патеки, како и автобуските постојки, соопштуваат од прес-службата на Град Скопје.
Од Град Скопје информираат дека со оваа голема акција ќе бидат опфатени патеките на Кејот на реката Вардар, сите поголеми паркови (Градскиот, Жена Борец, Ибни Пајко, Македонија, Чаир, Ѓорче Петров и Рајскиот парк), парк-шумата Водно (Марково Крувче, Средно Водно, Милениумскиот крст…), парк-шумата Гази Баба, СРЦ Сарај и скопското Кале. Посочуваат дека покрај миењето на патеките, рачно и со посебна опрема се врши и целосна дезинфекција на целосната паркоска опрема (клупи, павиљони, дрвени мостови, реквизити и справи за вежбање…).
Оттаму информираат дека активностите за чистење и дезинфекција на јавните површини во градот се со цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на коронавирусот.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари