Акција за чистење во Велес по повод Денот на пролетта и деновите на екологијата
Во еколошка акција за чистење во шумата – зелениот појас околу поранешната велешка Топилница денеска беа собрани 128 метри кубни отпад.
Акцијата се организира по повод Деновите на пролетта и деновите на екологијата.
Како што потенцира за медиумите градоначалникот Аце Коцевски, зелениот појас кој е првата поголема зелена површина околу поранешната Топилница, пред денешната акција беше грда дива депонија со секаков вид на комунален отпад и градежен шут.
-Ја исчистивме локацијата, а со што акцијата е успешна и затоа апелираме до граѓаните до нивната совест да не ја уништуваат и загадуваат со смет, оваа зелена оаза на градот бидејќи на сите ни е потребна, потенцира Коцевски.
Во акцијата учествуваа претставници од невладиниот сектор од граѓанското здружение „Акцијаш“ и општинскиот Црвен Крст, претставници на општинската администрација и локалните институции и вработени во училиштата. Акцијата ја координираа екипи на ЈКП „Дервен“, а помош со механизација дадоа и три велешки градежни фирми: „Евроинженеринг“, „Трго цемент“ и „Изгрев инженеринг“.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок