Македонија
18. September 2016 - 16:58

Акција за чистење на Огражден од пластика

Огражден ќе се чисти од пластика. Подружницата на македоннски шуми во Струмица започнува со реализација на нов проект кој треба да овозможи целосно  собирање на пластичниот отпад од  планината Огражден.  Акцијата ќе биде реализирана во соработка со концесионерот на рудникот за бакар и злато кај Иловица, компанијата Еуромакс ресурсис. Покрај еколошкиот  акцијата ќе има и хуманитарен аспект бидејќи пластиката што ќе се собере планирано е да се продаде, а собраните средства донирани.

,, Ќе се обидеме да собереме се она штое отпад и се наоѓа во шумата. Знаете дека периодот на негово распаѓање или е многу голем или воопшто го нема, што значи ние заеднички овој проект ќе го направиме во текот на периодот што доаѓа и мислам дека ќе биде доста добар и сериозен. Сето она што ќе го собереме како пластичен отпад ќе биде даден некаде, значи ќе го продадеме и средствата од таа продажба ќе бидат донирани кај одредени субјекти како заводот за рехабилитација во Бања Банско за децата со посебни потреби и во некои други инстанци за кои што сметаме дека им се потребни средства.,, вели Кире Михаилов – раководителна ПШС ,, Беласица ,, Струмица

Акцијата која ќе трае подолго време планирано да започне од концесикото поле на Еуромакс, а потоа да продолжи на целата територија на планината Огражден. Во реализацијата на истата ќе бидат вклучени над стотина лица. Покрај вработените од двете компании, свој придонес ќе  дадат  и повеќе волонтери кои преку нивниот ангажман  сакаат да им помогнат и на лицата со посебни потреби, но и во зачувувањето на животната средина