Македонија
9. February 2017 - 12:20

Акција за чистење на дивите депонии во општина Ѓорче Петров

Општината Ѓорче Петров почна акција за интензивно отстранување на ѓубре на поголемите депонии на нивната територија.
 
Како што соопштија од општината, екипите и механизацијата на претпријатијата избрани за оваа намена исчистиле околу 40 илјади кубни метри градежен шут, кабаст отпад, стари електрични апарати и друго од депонијата во село Ново село која се протега на површина од 20.000 м2 .
 
Истата површина ќе биде засадена со садници и ќе се уреди како зелена површина.
 
- Екипите ќе продолжат и со чистење на коритото на реката Лепенец се додека не се добие една уредна и чиста слика што ќе го разубави просторот, информираат од општина Ѓорче Петров.                                  
 
Од општината апелираат до граѓаните да не се одлага комунален смет и интерен отпад на диви депонии бидејќи строго ќе се применува законот за јавна чистота и ќе се преземат високи и ригорозни казни.