Македонија
15. September 2019 - 10:51

Акција на МВР, во Скопје се казнуваа несовесни возачи

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа од 19:30 до 1:00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје. Притоа, санкционирани се 21 возач на мотоцикли кои сториле прекршоци.

Откриени се и 43 останати прекршоци за кои се издадени 24 прекршочни платни налози и 19 мандатни платни налози.

Вчера, пак, од 6:00 до 24:00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа, евидентирани се вкупно 37 прекршоци од страна на возачи на моторни возила, за што им се издадени соодветни казни.

Откриени се и 44 останати прекршоци, за кои се издадени 27 прекршочни платни налози и 17 мандатни платни налози.