Свет
18. October 2017 - 18:08

Акција на германската полиција против моторџиската банда Ангели на Пеколот

Германската полиција утринава извршила масовна рација на 50-на локации каде се собирале членовите на моторџиската група Ангели на Пеколот.

Групата е осомничена за низа кривични дела, како што е продажба на дрога, оружје, рекет и убиства, јави агенцијата ДПА.

Над 700 полицајци учествувале во рациите извршени во 16 германски градови, пред се во сојузната држава Северна Рајна Вестфалија, при што биле конфискувани компјутери и мотори.

- Членовите на оваа организација се потврдени криминалци. Насилството, оружјето, дрогата и принудната проституција се нивно секојдневие, изјави министерот за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија, Херберт Реул.