Македонија
15. September 2018 - 16:29

Акција „Македонија без отпад 2018 година“ на светскиот ден на чистење

Светскиот ден на чистење на планетата Земја одбележан во Македонија. Во земјава се спроведуваше акцијата „Македонија без отпад“, со која се прави обид да се подигне јавната свест и да се потсети за одговорноста во сочувувањето на планетата.

Акцијата, која Министерството за животна средина ја организираше во соработка со  Град Скопје и здружението за одржлив развој и заштита на животната средина ГОУ ГРИН, беше одбележана и во општина Кисела Вода, каде што вработените во општината, заедно со граѓаните активно се вклучија  во чистењето на отпадоците.

Еднодневната акција се одвиваше во речиси сите градови во Македонија, а глобално акцијата истовремено се одвиваше во 156 земји, со активно учество на околу 20 милиони волонтери.

Иницијативата за Светскиот ден на чистење на планетата Земја почна пред 10 години во Естонија. Во неа се вклучени милиони институции, граѓански здруженија, општествено одговорни организации, а во Македонија се спроведува со целосна поддршка од Владата.