Македонија
20. July 2016 - 16:28

Акција “Којот”: Петмина полициски службеници уапсeни како дел од големата крими - мрежа

Помошник команидрот на СВР Велес и четворица негови колеги полицајци злоупотребувајки ја службената положба препродавале дрога, криумчареле мигранти, откривале полициски информации и со помош на службената униформа вршеле низа коруптивни и насилни кривични дела.  Во акцијата Којот на МВР приведени се 19 лица, а во организираната група утврдено е дека делувале вкупно 24. Истрагата на МВР покажала дека тие го организирале и грабежеот на 4 милиони денари од Стопанска банка во февруари годинава.  

Чавков : Двајца од вкупно тројцата организатори на криминалната група биле организатори и на разбојништвото што се случи во Велес на 08.02.2016 година, кога од вработени во агенција за обезбедување  беа одземени четири касети сопственост на Стопанска банка во кои имало 4 милиони денари.

Припадник на групата бил и затвореник кој одлежувал казна затвор во Гевгелија. Преку него успевале да пронајдат информации и да организираат илегален транспорт на мигранти. Делувале и во Македонија, но и надвор од границите на државата. Според досегашните резултати од истрагата групата успеала за соодветна парична надоканада да го организира транспортот на најмалку 559 мигранти.

Полициските службеници контактите и дејствијата при вршење на кривичните дела ги извршувале и за време на работа и во врска со својата службена положба притоа истата ја злоупотребувале со цел на криминалната група да им овозможат информации и друга помош и логистика за успешно извршување на кривичните дела.

При претресот кај осомничените во Велес, Неготино, Гевгелија и Скопје пронајдени се автоматски пушки, рачна бомба, пиштол, дробилка за марихуана, муниција за огнено оружје, службена документација - доставници за судски акти за извршување и документација од исплата на парични средства. МВР се уште трага по тројца од осомничените, а еден од групата е надвор од државата.