Македонија
24. March 2016 - 16:21

Акција или холивудско сценарио на Катица Јанева?

Основниот суд Скопје 1 нема да ја коментира вчерашната акција на Специјалното Јавно Обвинителство и нивните оперативно тактички мерки на клопка и заседа на институциите повикувајќи се на судски наредби и анонимни дојави кои што повеќе наликуваат на холивудско сценарио, а не на сериозно и посветено извршување на функцијата на еден орган како што е СЈО.

Вака судот одговори на вчерашната акција на Катица Јанева чие обвинителство со полиција влезе во Централниот Регистар.

Од судот потенцираат дека Јанева немала налог за претрес во Централниот Регистар туку имала налог за одземање на документи.

Од друга страна, Јанева вели дека акцијата била спроведена затоа што Централниот Регистар повеќе од 30 дена не доставувал документи на нејзино барање.

-Наредбата е издадена по барање на ова Јавно обвинителство, откако Централниот регистар во рок од 30 дена не постапи по нашето барање и единствено не извести дека барањето било нејасно, вели Јанева.

Влезот на Јанева во централниот регистар налета на остри коментари кај експертската јавност. Порталот “Курир“ открива дека Јанева го излажала судот дека не добила одговор од Централниот регистар. Сите документи кои ги барала Јанева се јавно достапни и секој може да ги извади на шалтер  во централниот регистар.

Порталот пишува дека обвинителите на Јанева направиле дефиле во празна просторија а претходно обвинителката се јавувала по медиумите на кои им кажувала дека има голем случај.

Според експертската јавност Катица Јанева го подготвила ова холивудско сценарио за да ја оттргне јавноста од огромниот гаф кој го направи пред 2 дена, кога не ги призна институциите кои се создаделе благодарение на народната воља изразена на избори.

Јанева поради акцијата Титаник го оспори легитимитетот на сите, освен на градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, кој исто така победи на избори кои се предмет на акцијата Титаник.