Свет
23. November 2019 - 14:44

Акар: Рускиот систем С-400 во Турција ќе функционира автономно


Рускиот ракетен систем земја – воздух С-400 во Турција ќе функционира автономно, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар во интервју за катарскиот телевизиски канал Ал Џезира.

– Од самиот почеток изјавуваме дека С-400 ќе дејствува автономно, посочи Акар.

Тој додаде дека С-400 е многу важен механизам за обезбедување на одбраната и безбедноста на Турција.
Акар повторно ги предупреди западните партнери дека Анкара „го задржува правото да ги проучува алтернативните можности“ ако САД одбијат да и испорачаат на Турција воени авиони од петтата генерација Ф-35.

– Секако ќе бидеме принудени да бараме други можности. Сите страни треба да го разберат тоа, посочи Акар.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на 19 ноември изјави дека му пренел на американскиот колега Доналд Трамп оти Анкара нема да се откаже од рускиот систем С-400.