Тенис
3. March 2017 - 10:37

Акапулко: Ѓоковиќ елиминиран од Кирјос

Новак Ѓоковиќ е елиминиран во 1/4 финалето на турнирот во мексиканското монденско летувалиште Акапулко. 

Српскиот тенисер загуби во два сета со 7-6 и 7 -5 од Ник Кирјос од Австралија во меч во кој играше без жар и не успеа да ги искористи бројните грешки на противникот кај кого единствено функционираше сервисот. 
Претходно и Роже Федерер неочекувано загуби од Русинот Донској.