Академик Таки Фити нов претседател на МАНУ
Академик Таки Фити денеска е избран за претседател на Македонската академија на науките и уметностите. За потпретседатели на МАНУ се избрани академик Луан Старова и академик Владо Матевски.
- Со оглед на тоа што четиригодишниот мандат на сегашното Претседателство на Академијата истекува на 31 декември 2015 година, во согласност со Законот за МАНУ и Статутот на МАНУ Собранието на Академијата и одделенијата на Академијата на денешната седница избраа претседателство, се вели во денешното соопштение од МАНУ.
За секретар на Академијата е избран академик Леонид Грчев, за избран член Георги Старделов, за секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука академик Витомир Митевски, за секретар на Одделение на општествени науки академик Вера Битракова Грозданова, за секретар на Одделението за природно-математички и биотехнички науки е избран академик Дончо Димовски, за секретар на Одделението за медицински науки е избран академик Илија Филипче, за секретар на Одделението за технички науки е избран академик Алајдин Абази и за секретар на Одделението за уметност академик Григор Чемерски.
Собранието на Македонската академија на науките и уметностите на денешната седница го разгледала и усвоила и Извештајот за работата на МАНУ за периодот 2012-2015 година и било сослушано Експозето на претседателот на Академијата академик Владо Камбовски за работата на МАНУ овој период.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк