Академијата за судии и обвинители и Институтот во Сирагуза потпишаа потпишаа Меморандум за соработка
Меморандум што се однесува на соработката во рамките на проектот „Зајакнување на борбата против незаконската трговија во Југоисточна Европа“ денеска во Скопје потпишаа директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Анета Арнаудовска и претставниците на Институтот во Сирагуза, проект менаџерот Тобиас Фримен и заменик директорот Филипо Муска.
Потпишувањето на Меморандумот, како што рече Арнаудовска, е резултат на заложбата на Академијата за воспоставување и одржување соработка со релевантни домашни институции, организации од невладиниот сектор, како и остварување на соработка со меѓународни институции, заради постигнување дополнителни резултати и напредок во работењето на Академијата на полето на континуирана и почетна обука на македонското правосудство во насока на зголемување на професионалноста и компетентноста на судиите, јавните обвинители и претставници на институциите во примена на националното законодавство и меѓународните стандарди.
Нашата визија, како што посочи, е оваа соработка да биде заснована на цврсти партнерски односи на доверба и меѓусебно разбирање меѓу двете институции.
- Полињата на кои ја гледаме нашата идна соработка се детектирани во однос на областите на поголема примена на меѓународните стандарди во однос на независноста, ефикасноста, транспрентноста на судството, подобрување на квалитетот на обуката на судии и обвинители, како и претставници на релевантни институции, а потпишувањето на овој меморандум да претставува иницијален момент за размена на информации, публикации, истражувања и експерти помеѓу Академијата и Институтот, како и заедничка соработка во обезбедување на обуки за национални и меѓународни обучувачи за корситење на програми за обука изготвени од страна на Институтот, рече Арнаудовска.
Муска и Фримен изразија задоволство за остварената соработка и најавија дека со нетрпение ќе го очекуваат почетокот на активностите во рамките на овој проект.
На потпишувањето на Меморандумот за соработка присуствуваа судии, јавни обвинители, слушатели на почетната обука во Академија.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје