Македонија
21. March 2019 - 16:19

Академиците одлучија: Академија на науки и уметности на Република Северна Македонија - МАНУ

Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ ќе биде новото име на највисоката научна институција во нашата земја. За овој предлог гласале 24 академици, четворица биле против, а двајца воздржани.

Академик Таки Фити рече дека шест месеци траеле преговорите меѓу членовите на МАНУ, кое од двете предложени имиња е поприфатливо. Нивната одлука наишла на разбирање како кај Владата така и кај грчката страна.  

Конечната одлука за преименување на МАНУ ќе треба да ја донесе Владата, почитувајќи го утврдениот предлог на мнозинството од 40-те членови на Академијата.