Македонија
22. January 2021 - 16:37

Академиците до Царовска: Историјата да остане засебен предмет

Академици на МАНУ на средба со Царовска изнеле лични а не официјални ставови на Академијата и претседателството за новата концепција на МОН. Согласни се дека се потребни реформи во основното образование бидејќи учениците биле преоптоварени со факти, но според нив МОН треба да изнајде покреативни решенија. Историја треба да остане посебен предмет кој ќе се изучува смета академик Таки Фити.

- Има лоша коинциденција кога се обзнани и политичкиот амбиент. Некако се поврза целиот концепт со состојбите и проблемите што ги имаме со соседна Бугарија и она инсистирање во концептот за интегрирање предмети се сфати како бришење на предмети, конкретно на историјата, и некако се дефокусира суштината на расправата. Иако тоа прашање на интегрирање не е незначајно, и ние дадодвме свои сугестии. Мислиме дека треба да бидеме многу претпазливи, особено кога станува збор за историјата. Ние имаме проблеми со национална историја во мултиетничка земја, но лично мислам дека може историјата да си остане како посебна наука или да се најде креативно решение кое нема да ја наруши суштината на концептот, но исто така ќе придонесе за национален консензус околу овие прашања. Нема укинување предмти, особено не на историјата.

Академик Камбовски порача дека е неопходно да се промени односот кон главните носители во дејноста - учителите. Во реформата да бидат вклучени и други компоненти како буџетски вложувања, подобрување на статусот на наставниците и едукација за нова филозофија на учење.

„Укажавме конкретни сугестии во однос на структурата на наставниот план кој, според нас, слично на други развиени концепти, во рамки на осумте подрачја одредени како цели на системот на образование, треба да вклучи листа на задолжителни предмети, меѓу кои треба да се најдат и историја, и физика, и хемија, оние кои сега се групирани само како модули на заеднички предмет Општествени науки.

- Овие сугестии ќе бидат земени во предвид општа должност на сите активно да придонесат за добра концепција.да биде изготвен наставен план, стандарди, компетенции и оценување на учениците. .. мониторирање на процесот.укажавме дека треба да вклучи и додатни компоненти подобрување на статусто на наставниците.

Министерката тврди дека не се заобиколени оние академици кои имале поинакви ставови од МАНУ, напротив биле повикани сите членови на одделението.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ бараат итна јавна расправа во рамки на Комисијата за образование во Собранието.

Реакциите за новата концепција во основно образование не стивнуваат. Здружението на музички педагози, факултетите за музичка уметност при УКИМ, Штипскиот, Тетовскиот универзитет, сојузите н а музички уметници, композитори и националната опера и балет се загрижени и изразија несогласување со презентираниот концепт.