-->
-->
Ајфеловата кула ќе добие блиндирано стакло заради заштита од терористички напади
-->
Париските градски власти донесоа одлука Ајфеловата кула да добие заштитна облога од блиндирано стакло на две нејзини страни, заради опасноста од идни терористички напади, пренесе БТА.
Парискиот Општински совет едногласно го прифати проектот за заштита на кулата вреден 20 милиони евра. Според текстот на решението, тоа е „неопходно поради особено високата терористичка закана" во иднина.
Ќе се вметнат и заштитни прегради, како и метални и бетонски огради кај контролните пунктови. По патиштата кон и околу кулата ќе се монтира и систем за видео надзор.
Се предвидува проектот да биде готов во второто тримесечје на 2018.
Во 2015 година, Ајфеловата кула ја посетиле приближно седум милиони луѓе, а во 2016 речиси шест милиони.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари