Loading Video...
Фудбал
6. March 2019 - 15:27

Ајакс и Тотенхем се првите четвртфиналисти во Лигата на шампионите

Екипите на Ајакс и Тотенхем, се првите два тима кои обезбедија пласман во четвртфиналето на Лигата на шампиони.   
 
На „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, Реал не успеаја да ја сочува предноста од 2:1 против Ајакс остварена во Амстердам. Напротив. Младиот холандски тим забележа убедлива победа со 4:1, со што го елиминира актуелниот првак Реал во осминафиналето од Лигата на шампионите. 
 
Јунак на Ајакс беше Србинот, Душан Тадиќ кој асистираше при првите два гола на Хаким Зијеч (7.минута) и Давид Нерес (18), а го постигна и третиот гол за холанскиот тим. Мала надеж за „Кралевите“ донесе Марко Асенсио (70), но судбината на Реал ја запечати Ласе Шоне (72) со ефектен гол. 
 
Борусија Дортмунд по втор беше поразена од Тотенхем. Откако „Милионерите“ загубија со 0:3 на првиот меч во Лондон, синоќа беа поразени со 0:1, а стрелец на единствениот гол за Тотенхем беше Хари Кејн во 48 минута. 
 
Кои две екипи ќе им се приклучат на Ајакс и Тотенхем во четвртфиналето ќе дознаеме вечера откако своите реванш осминафинални дуели ќе ги одиграатПСЖ - Манчестер Јунајтед (2-0 прв меч) и Порто - Рома (1-2).