„Ај Кју“ не влезе во финалето на 63. Евровизија
„Ај кју“ (Eye Cue) со песната „Lost and found“ не се пласираше во финалето на 63. Избор на песна на Евровизија 2018 во Лисабон каде што синоќа настапи на првата полуфинална вечер.
Десетте финалисти од 19 земји кои учествуваа во првото полуфинале се: Австрија, Естонија, Кипар, Литванија, Израел, Чешка, Бугарија, Албанија, Финска и Ирска. Беа избрани со гласови добиени по пат на 15-минутен телевоутинг на ТВ-публиката и од стручни жирија на земјите што учествуваа.
Ним во финалето в сабота ќе им се придружат уште 10 финалисти кои ќе бидат избрани утревечер на второто полуфинале во кое ќе настапат изведувачи од 18 земји.
Република Македонија шеста година не успева да влезе во завршната вечер. Последен пат се пласираше во евровизиското финале во 2012 година во Баку со песната „Црно и бело“ на Калиопи.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација