Свет
6. April 2016 - 10:10

АИ: Лани во светот извршени 54 осто повеќе егзекуции отколку во 2014.

Меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести Интернешнл соопшти дека минатата година е забележано драматично зголемување на бројот на егзекуции во светот за 54 отсто во споредба со 2014 година, јави ДПА.

Лани биле егзекутирани најмалку 1.634 лица, а во 2014 година 1.061. Во овие бројки не се вклучени егзекуциите во Кина, каде информациите за ивршените смртни казни се државна тајна. 

Генералниот секретар на АИ, Салил Шети синоќа на прес-конефренција во Њујорк изјави дека според оценките на организацијата, во Кина се егзекутираат „толку луѓе, колку во останатиот дел од светот заедно“.

Тој додаде дека сега во Кина се преразгледуваат делата, кои се казнуваат со смртна казна и додаде дека има малку надеж дека бројот на егзекуциите во земјата може да се намали. 

Драстично е зголемен и бројот на егзекуции во Иран, Пакистан и Саудиска Арабија.

- Тие земји спроведуваат смртни казни на невидени основи, често во услови на крајно неправедни процеси, рече Салил, изнесувајќи ги информациите за егзекуциите во вкупно 25 држави.

Во Иран лани се егзекутирани најмалку 977 лица, од кои поголемиот дел од нив се осудени за криминални дела поврзани со дрога. 

Во Пакистан во декември 2014 година беше укинат мораториумот за егзекуциите воведен во 2008 година и лани биле извршени 326 смртни казни. Во Саудиска Арабија се егзекутирани 158 лица, а во САД 28, што е најмала бројка во изминатите 25 години.

Во светот над 20 илјади лица во моментов очекуваат извршување на смртна казна. 

Лани смртната казна била укината во Република Конго, на островите Фиџи, во Мадагаскар и во Суринам.

Во светот сега има 102 земји во кои нема смртна казна, а изминатите десет години не се извршени смртни казни во 140 држави.