Македонија
12. August 2019 - 11:50

АХВ забрани увоз на свинско месо и преработки од Србија поради африканска чума

 Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска донесе забрана за увоз на свинско месо и преработки, како и увоз и транзит на живи домашни и диви свињи од Србија, по веста дека во оваа земја се појавила африканска чума.

Директорот на АХВ Зоран Атанасов за МИА потврди дека во Србија има африканска свинска чума, и тоа во околината на Белград, Младеновац, Смедеревска паланка,…

Претходно, на прес-конференција за антраксот, Атанасов соопшти дека во Република Северна Македонија африканска свинска чума нема. Состојбата будно се следи, а превентивните мерки се подигнати на максимално ниво.

– Од петокот во сила е Решението за задолжително лабораториско испитување на секоја увозна пратка свинско месо, производи и преработки. Пратките нема да се пуштаат во промет се додека не се добие наодот од лабораториското испитување, информира директорот.

Отстрелот на дивите свињи кој се планира како превентивна мерка, се уште не е почнат. Утре на состанок во Велес, АХВ и Ловечката федерација ќе ги утврдуваат динамиката и начинот на заловување.

Алармот за африканската свинска чума се запали по информацијата дека во Бугарија бројот на жаришта е зголемен