АХВ во превентивни контроли во поплавените подрачја
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) при превентивни контроли на пет маркети, бурекџилници, магацин со пченица и четири пункта за собирање на хуманитарна помош во село Стајковци не евидентираа поголеми отстапувања, ниту затекнаа небезбедна храна или храна со поминат рок, информираат од АХВ.
Оттаму посочуваат дека се извршени контроли и на три маркети и еден угостителски објект во село Црешево каде е наредено да се изврши итна дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Во село Инџиково, пак, направени се контроли на пет маркети и таму не се евидентирани никакви проблеми.
Од страна на инспекторите за храна извршена е и контрола на три маркети во Сингелиќ кои се наоѓаат на патот кон селото Арачиново, како и на еден погон за производство на сокови кој бил поплавен и каде чистењето се уште е во тек. Во маркетите во Сингелиќ наредено е да се изврши итна десинфекција, дезинсекција и дератизација.
- Во рамки на вонредните контроли кои ги спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за операторите со храна од поплавените подрачја се контролираше и тоа дали продаваат и хуманитарна помош. Со контролите не се евидентирани ваков тип на недоследности, велат од АХВ.
Потенцираат дека нивните екипи се постојано на терен во поплавените региони и додаваат дека покрај извлекувањето на домашните животни, донирањето сточна храна, извршени се и превентивни контроли, едукативни посети на операторите со храна кои претрпеа штети од невремето и чии објекти беа поплавени на кои име е укажано како да се изврши чистење и дезинфекција на објектите пред да се почне повторно со работа.
Ново на Сител
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата
-
ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила
-
Експлозии во Иран, американски медиуми јавуваат за израелски напади
-
Косовско МНР: Ослободен заменик директорот на косовската полиција Јанковиќ кој беше уапсен во Србија
-
САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно со повремен дожд и посвежо, до 18 степени