АХВ: Се остранува угинатиот добиток за спречување зарази
Изминатите два дена во најголем дел е завршено евидентирање, проценка и утврдување на сопственоста на угинатиот ситен добиток по поплавите во Скопско и Тетовско (кокошки, овци и кози), како и нивно закопување на соодветни локации определени од страна на локалната самоуправа.
Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), оваа акција ја спроведуваат нејзини стручни тимови во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ветеринарните друштва, со цел превенција и спречување на појава на заразни болести во поплавените подрачја.
Од вчера попладне се врши и извлекување, евидентирање, проценка и отстранување и закопување и на угинатиот крупен добиток во поплавените региони.
- Со цел елиминирање на ризикот од појава на болести кај добитокот во поплавените региони, официјалните ветеринари во соработка со ветеринарните друштва и месното население вршат дислокација на живиот добиток и обeзбедување доволни количини безбедна храна и вода за нив. Се проверува и здравствената состојба на секое животно, која дополнително ќе биде проверена и по повлекувањето на водата, темелното чистење и извршената дератизација и дезинфекција на одгледувалиштата, каде повторно ќе се врати добитокот, информираат од АХВ.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање