АХВ: Остануваат забраните за увоз на живина поради птичји грип
Агенцијата за храна и ветеринарство потсетува дека на сила остануваат забраните за увоз на жива живина и производи од живина од регионите во соседна Бугарија каде кон крајот на минатиот месец беше потврден вирусот птичји грип, како и забраните за увоз од неколку европски земји.
- Со цел спречување на евентуална појава и ширење на вирусот на болеста птичји грип во земјава, апелираме до одгледувачите на живина (комерцијалните одгледувачи и домаќинствата) на високо ниво да се одржуваат биосигурносните мерки на фармите. Неминовно е рано пријавување и рано откривање на болеста, но, пред се, спроведување на превентивни мерки како дел од стратегијата за справување за Авијарна инфлуенца, наведува Агенцијата за храна и ветеринарство во денешното соопштение.
Оттаму апелираат да се ограничи движењето на домашната живина надвор од живеалиштата, да се спречи контакт со диви птици и да не се врши хранење на живината во дворовите. Потребно е да се врши и превентивна дезинфекција на превозните средства за живина и јајцата за ведење, да се внимава во јатата да не се внесува живина со непознат здравствен статус, а до ветеринарната друштва да се пријави доколку дојде до промена на здравствената состојба на живината или до зголемена смртност.
Од АХВ апелираат и ловџиите по враќање од лов задолжително да ги мијат рацете бидејќи дивите птици се главни преносители на болеста, како и да го пријават секое угинување на диви птици.
Забрането е и хранење на живината и другите домашни животни со остатоци од диви птици.
Ново на Сител
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228