Македонија
17. March 2018 - 20:56

Ахмети: Законот ќе стапи на сила со, или без потпис на Иванов

Претседателот на ДУИ Али Ахмети, во интервју за Алсат, вели дека му испратил порака на Иванов.
 
“На господинот Иванов му испратив порака да го потпише овој закон уште после второто гласање. Тој не можеше да се надмине себеси за да биде легитимен претседател на сите граѓани во оваа земја. Со изгласувањето на третото гласање во македонскиот парламент, г. Иванов има уставна обврска да го потпише законот, бидејќи во спротивно тој ги крши уставот и законите на оваа земја. Сметаме дека тој сега држи политичка страна и антиалбански став. Законот ќе стапи на сила, потпишан или не потпишан од Иванов “, додаде Ахмети.