Македонија
23. December 2016 - 19:12

Ахмети за утре свика итна средба на сите албански партии

Дискусија за состојбата во земјата по 11 декември и можност за формирање на сеалбанска платформа пред понатамошното коалицирање. Ова се дел од темите кои ќе бидат разгледани на заедничката средба на сите албански партии во Македонија, која за утре, ја свикал лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи, вели дека партијата добила потврда од сите останати албаниски партии дека ќе учествуваат на средбата.

Од БЕСА велат дека партијата вечерва ќе има централно претседателство, на кое ќе се одлучува дали ќе одат на сребата закажана од лидерот на победничката партија во албанскиот блок.

Од ДПА и коалицијата Алијанса на Албанците, кои на предвремените парламентарни избори освоија два, односно три пратеника, не добивме одговор дали ќе испратат свои претставници на средбата.