Македонија
5. јуни 2020 - 16:53

Ахмети: Време е за првиот Албанец премиер, Заев: Со ваков услов ДУИ нема да биде дел од власта

Ахмети смета дека е време за Албанец премиер, Заев одговара  со ваков услов за коалицирање, ДУИ нема да биде дел од идната Влада.

Во обраќањето по повод 18 годишнината од основањето на партијата наследничка на ОНА. Ахмети вели дека ДУИ е легитимен и апсолутен претставник на политичката воја на Албанците во последните две децении и била заедно во секој предизвик, во безброј процеси за постигнување на потполната рамноправност, за целосна интеграција во НАТО и Европската Унија, за подобрување на животниот стандард. 

„Ние го започнавме овој пат заедно пред 18 години, Заедно се соочивме со секој предизвик и веруваме еден во друг, Заедно ги определивме и ги остваривме нашите цели и на оваа толку важна годишнина за сите нас, заедно да ја определиме нашата следна цел почнувајќи од следните избори, да ја реализираме определбата за да избереме ценета, почитувана и докажана личност, таа или тој кој што ќе го избереме заедно, за првиот Албанец премиер на земјава!!!“

Кратко по обраќањето на Ахмети, со статус на ФБ одгвори неговиот колаициски парнер, лидерот на СДСМ,  Зоран Заев Тој вели дека секој граѓанин кој има 61 пратеник може да биде прмеиер. Заев пишува дека во земјава премиерт се бира според волјата на граѓаните, а не според етничката припадност на еден или друг кандидат.

„Точно е дека граѓаните во нашето општество сѐ повеќе ги надминуваат етничките бариери, но поважно од тоа е дека при изборот тие се водат, пред сѐ, од квалитетите на кандидатот и посебно од неговиот однос кон граѓаните, од неговата општествена посветеност за добробит на сите граѓани и државата, како и личниот пример што како впечаток кандидатот го остава пред граѓаните. Доколу СДСМ победи на изборите, јас сум кандидатот за претседател на Влада и ќе бидам премиер кој еднакво се бори за подобар живот на сите граѓани на Северна Македонија, нешто што го докажав низ сите мои политики изминативе години“, напиша Заев.

„Соодветно на тоа, доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада“, заклучува поранешниот премиер.

Од ВМРО ДПМНЕ пак велат дека тие ја претставиле идејата за кандидат мандатар, и бесе донесена едногласна одлука, кандидат за мандатар да биде Проф. д-р Христијан Мицкоски. Така што на овие избори свои кандидат покрај ВМРО-ДПМНЕ, ке имаат и СДСМ и ДУИ. А финалната одлука кје ја имаат граѓаните на избори. Во овие моменти сметаме дека поважно е да се фокусира целата јавност кон најголемиот проблем заразата и рекордно црниот биланс на новозаразени. Најголемиот приоритет е здравјето на грагјаните.