Ахмети во Гостивар: Граѓаните го поддржуваат Невзат Бејта
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, придружуван од шефот на изборниот штаб Фатмир Бесими, вчера беше во посета во општина Гостивар, при што од локалните структури беше информиран за текот на кампањата за локалните избори, кои ќе се оддржат во недела.
На митингот оддржан во село Срмново, Ахмети посака изборите да бидат слободни, фер и демократски. Лидерот на ДУИ истакна дека постигнувањата во последниве 16 години се резултат на работата на ДУИ.
- Не се прави експеримент со историски процеси, со општествени-политички процеси, изјави Ахмети.
Во врска со досегашната предизборна кампања и понудите пред граѓаните, Ахмети истакна дека тие треба да бидат остварљиви.
- Јас не велам дека се е остварено, има уште многу работа да се направи, но човекот треба да има одговорност и достоинство. Ова е напишано и Бејта треба да даде одговор за ова после четири години. И јас треба да дадам одговор, бидејкќи стојам зад ова, изјави Ахмети.
Кандидатот за градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, оценувајќи дека во минатиот мандат во градот и околината се инввестирани околу 40 милиони еура, вети дека предвидените пројекти за идните четири години, под негово управување, ќе бидат остварени и надминати.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто