Македонија
21. March 2023 - 16:38

Ахмети влезе во директна војна со огнените на митингот во Чаир

Вчерашниот митинг на ДУИ е само кулминација на внатрепартиската битка која Груби и Меџити ја водат веќе неколку месеци. Експертите согласни дека новите потреси на албанската политичка сцена нема да им донесат ништо добро на Албанците.

Од најавата на Груби дека Ахмети ќе ја изгради иднината во Чаир, митингот заврши со повик за европски фронт кој очигледно нема да обедини никој повеќе од оние кои сега се веќе обединети во рамки на владејачката коалиција

Двете опозициски партии во албанскиот блок му порачаа на Ахмети дека е подобро да поработи на обединување на ДУИ пред да ги обединува останатите.

„Повиците на Ахмети до Беса се политичка хипокризија која сме навикнати почесто да ја гледаме од Артан Груби. Човекот кој ја прекрши Заедничката декларација на албанските партии нема кредибилитет за повикува на обединување. Али Ахмети и ДУИ подобро е да се обединат себе си па потоа да размислуваат за другите“ – напиша Касами на социјалните мрежи

Алтернатива е подготвена да биде олеснувач во прецесот на окрупнување и обединување на општествените сили кои се подготвени конечно да се пресметаат со династијата на ДУИ. Како тргнале ДУИ да ги потценуваат Албанците, уверени сме дека наместо “Тој доаѓа” ќе биде “Тој заминува” – се вели во реакцијата на Алтернатива.

ДУИ вчера организираше митинг во истата сала која Огнената група на меџити ја наполни до последно место на митингот организиран на крајот на минатиот месец