Македонија
11. March 2021 - 19:46

Ахмети: Владејачкото мнозинство е стабилно

Нема раздор во ДУИ тврди лидерот Али Ахмети и покрај оставката која си ја поднесе Изет Меџити од координатор на пратеничката група. Ахмети вели дека владејачкото мнозинство е стабилно и нема ништо загрижувачко во парламентот. На настанот по повод 40 годишнината  од студентските демонстрации во Приштина кој беше свечено организиран, не присуствуваше Изет Меџити а Ахмети го оправда неговото отсуство велејќи дека не станува збор за нешто вонредно.

По изјавите на Меџити во медиумите дека Артан Груби преземал повеќе позиции во партијата отколку што имал капацитет, лидерот на ДУИ вели дека не се загрижени и ќе дискутираат во наредните денови во врска со ова.

Парламентот не е блокиран тврди Ахмети, освен некои закони кои опозициските партии ги блокирале на комисија што оценува дека не е добро. Истакна дека ДУИ се секогаш отворени за компромис и дијалог.