Македонија
4. October 2022 - 19:52

Ахмети вели дека нема оган во ДУИ, централното собрание ќе бара отчет и ќе избира ново претседателство на 15 октомври

По пет ипол часовна средба во Мала Речица се смирија страстите во ДУИ. Лидерот Али Ахмети усепа да најде заеднички јазик со т.н.огнена група која бараше смена на првиот вицепремиер Груби и  други министри од редовите на интегративците. Ахмети, кој по средбата, излезе заедно со групата рече дека оган во ДУИ немало.

Според, договорено, меѓупартиските недоразбирања ќе се решвааат по 15 октомври, за кога е закажано Централно собрание на ДУИ, кое пак ќе избере ново претседателство.

Првата работна задача на овој орган е да побара извештај од владините функцинери за дотогаш сработено, ќе се прави и анализа на политичката состојба во држвата. Понатамошните чекори ќе зависат од овие отчети.

Од „огнена група“ задоволни од постигнатиот договор.

Групата сочинета од незадоволните пратеникот Изет меџити, градоначланмикот на Сарај Блерим Беџети, како и поранешните партиски функцонери Муса Џафери, Садула Дурако и Невзат Бејта денска по втор пат во Мала Речица разговараа со својот лидер.

Пратеникот Катриот Реџепи кој вчера беше заедно со Беџети и Меџити, засега останува надвор од пратеничката група на ДУИ.