Ахмети: Убиството кај Смилковско езеро го сториле професионалци
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, непосредно по петкратното убиство кај Смилковското езеро, во комуникација со тогашниот министер, Џељал Бајрами, вели дека убиството го сториле професионалци, а автомобилот „Опел Омега“ оставен во близина на границата бил само обид за дезорјентација на истражителите.
Ахмети вели дека му кажал и на премиерот дека ниту за време на вооружениот конфликт, како што се вели во транскриптот од разговорот, "нашите" никогаш не фатиле деца да егзекутираат. Според Ахмети, нивна цел секогаш биле униформирани лица, а не цивили.
Инаку овој разговор е дел од 133-те илјади смс пораки и транскрипти кои се дополнителни докази за случајот Монструм.
На почетокот на денешната расправа, судијата кој го води предметот информираше дека се уште трае вештачењето на мобилните телефони на обвинетите, а таквата анализа дека се прави во Секторот за компјутерски криминал во МВР.
За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, обвинети се Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири.
Тие претходно беа обвинети на доживотен затвор. Во декември 2017 година, Врховниот суд ја укина пресудата по што случајот го презеде СЈО.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти
-
Откорната плочата на почесниот конзулар на Србија во Куманово
-
До 5 години затвор за лицето кое го запали македонското знаме во Скопје | ФОТО
-
Кошта: Треба да работиме на проширувањето на ЕУ без вештачки временски рокови и бесконечни пречки
-
ОЈО: Предложен притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза
-
Педесет и седумгодишен маж пронајден починат во својот дом во Кисела Вода
-
Куманово: 20-годишник приведен за непочитување на наредба на ненајавен собир по повод Денот на албанското знаме
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување за поранешен директор на ЈЗУ Здравствен дом -Македонски Брод