Ахмети: Убеден сум дека преку конструктивни разговори со Бугарија ќе се надминат отворените прашања
Претседателот на ДУИ Али Ахмети е убеден дека преку конструктивни разговори со Бугарија, сите отворени прашања ќе се надминат пријателски и Бугарија ќе остане силен поддржувач на Република Македонија како дел од Европската Унија.
Ахмети ова го истакнал на денешната средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, на која исто така го информирал дека функционалноста на коалицијата и Собранието е на ниво и дека таа функционира според сите принципи што ја водат земјата кон Европската унија.
Како што соопшти ДУИ, за време на оваа средба, Ахмети и Која разговараа и за предизвиците со пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19, за најдобрите начини за справување со оваа состојба, за економската поддршка и помошта за компаниите и граѓаните преку мерки што придонесуваат за полесно надминување на последиците предизвикани од КОВИД-19.
Ахмети му порачал на амбасадорот Која дека соработката на земјата со Мисијата на ОБСЕ е од голема важност, особено во делот на користењето на искуствата и експертизата што ги добиваме во повеќе области.
За време на средбата, лидерот на ДУИ и шефот на мисијата на ОБСЕ во земјата разговарале и за регионот и ситуацијата создадена по поднесувањето на обвиненија од Специјалниот суд против претседателот на Косово, претседателот на Парламентот на Косово и неколку други поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК).
– Ахмети му повтори на амбасадорот Која дека војната на ОВК беше војна за слобода, праведна и дека и последните обвинети ќе се вратат со бел образ од Хаг и конечно ќе ја докажат чистата војна што ја водеше Косово и нејзиниот народ, се наведува во партиското соопштение.
Ахмети и Која изразиле подготвеност за продолжување на меѓусебната соработка во сите сегменти кои се во надлежност на ОБСЕ.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација