Македонија
24. January 2021 - 21:32

Ахмети тврди дека спорот со Бугарија ќе се реши оваа проле

Оваа пролет, ќе се излезе од ќор-сокакот и проблемот со Бугарија ќе биде решен, изјави Али Ахмети, лидер на Демократска унија за интеграција (ДУИ).

Тој ова тврдење го искажа во одговорот на прашање во синоќешната емисија „Политика“ на гостиварската
локална телевизија ТВ Глоби.

– Во интерес е и на Вашингтон и на Брисел да се реши ова прашање. Во овие 20 години ниту еднаш не сум бил разочаран од нивните постапки. Јас сум оптимист дека овој проблем ќе се реши уште во рана пролет. Решението ќе дојде пред парламентарните избори во Бугарија, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Тој нагласи дека ќе се најде решение, дебатата ќе се одвива за историјата и историските личности, додека македонскиот идентитет и јазик не се загрозени.

На темата попис, Ахмети посочи дека сите кои живеат во земјава и имаат имот ќе бидат попишани. Тој уверува дека институциите ќе си ја вршат нивната работа, па така сите кои живеат во земјава и надвор од неа ќе бидат опфатени. Ахмети зборувајќи на темата појасни и како се попишува дијаспората.

– Во врска со пописот имаше дебати, вклучително и јавни дебати. Тоа е статистичко прашање, а не политичко претпријатие, а таа операција мора да се заврши. Тоа од нас го бараат и релевантни меѓународни институции како ООН и од ЕУ. Мора да имаме попрецизна статистика за економијата на земјата, за имотот на земјата, за населението во земјата и никој нема да биде исклучок. Прво ќе се
регистрираме тука, а потоа оние кои се во странство преку валидни документи од нивните роднини тука или преку Државниот завод за статистика. Се знае колку постојано живеат тука, а колку надвор. Но сепак, сите се жители на оваа земја, подвлече претседателот на ДУИ.

За очекувањата од резултатите, тој напомена дека Албанците не може да бидат помалку од 25 проценти, колку што биле и во 2002 година. Бројката ја образложи со констатацијата дека Албанците во Македонија имаат стапка на наталитет кој последниве години е зголемен.

Околу измените за процедурите за издавање на државајанство, Ахмети смета дека ова прашање е премногу политизирано. Според него, последниве 12 години државјанство добиле околу 15.000 граѓани, а без државјанство се околу 3.500 лица.

– Граѓаните непотребно се манипулираат со ова. Не станува збор дека 50 или 100 илјади граѓани се без државјанство и дека половината се Албанци. Вкупно, според податоците и информациите што ми ги доставија надлежните органи кои се занимаваат со овие проблеми, нема повеќе од 3.500 граѓани без
државјанство. Мнозинство од нив не се Албанци, туку тие припаѓаат на ромскиот заедница рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за гостиварската локална телевизија Глоби.