Македонија
28. November 2018 - 19:29

Ахмети со свечена академија го прослави Денот на албанското знаме

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на свечената академија посветана на денот на независноста на Албанија и албанското знаме порача дека региониот нема да биде стабилен се додека не се затвори Преспанскиот догвор, процес кој Албанците целосно го поддржуват.

Отворените прашања уште од Првата Светска Војна се уште не се затворени. Треба да го затвориме доворот од Преспа. Тоа е настан од големи размери, од европски размери. Тој процес мора да се заврши. Многумина работат овој договор да пропадне, но ние никогаш нема да дозволиме тој да биде поништен  бидејки со негово пропагање, пропага и процесот на  мир во регионот и пошироко, како и европската иднина на нашата земја.

Ахмети се заложи и за затворање и на спорот мегу Косово и Србија. Според него, ова прашање е тешко и болно, но сега е моментот кога треба да се реши за да се стабилизира балканскиот простор.

За министерот за надворешни работи на Косово Енвер Хоџај  Преспанскиот догвор има големо значење за регионот. Тој им заблагодари на Албанците од Македонија за нивната, како што исткана, клучна улога во создавање на независно Косово и помош во згрижување на бегалците за време на косовската криза. 

Настанот започна со интонирање на албанската химна. На свеченоста  покрај косовскиот минисер , присуствуваше и амбасадорот на Албанија Фатос Река, претседателот на исламската заедница реизот Сулејман Реџепи,  претседателот на собранието Талат Џафери и други. По свеченоста македонската и ковска делегација ќе отпатуваат за Тирана каде ќе продолжат со прославата