Македонија
18. July 2018 - 16:25

Ахмети: Со членството во НАТО завршуваат соништата за големи идеологии и држави

НАТО остнува најважен столб како гарнција за спроведување на Рамковниот договор.. Ова во видео порака го изјави лидерот на ДУИ, на приемот по повод поканата за влез во северно-атланската алијанса.. Според Ахмети, пред 17 години тогашната ОНА преговарала со НАТО за демобилизирање, а денес партијата ја завршува својата мисија..

„Членството во НАТО придонесува за поголема стабилност, повеќе безбедност, поголема верба во иднината, но и креира доверба бидејќи завршуваат претензиите, соништата и секаков вид идеологија“, изјави Али АХмети, Претседател н ДУИ.

На приемот по повод поканата за влез во НАТО, организирана од ДУИ, присуствуваше целото раководство на партијата.. На прославата дојдоа Амбасадор на САД во земјава, Џес Бејли и поглавараот на ИВЗ..

Инаку прослава за поканата викендов организираше Владата.. Во 15 градови низ државата се одржаа музички настани со вкупно 40-тина изведувачи.. За настанот, од државниот буџет беа потрошени скоро 180 илјади евра..